Земјотрес почувствуван во Струга, епицентарот бил во Албанија

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Албанија, утрово бил почувствуван и во Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е регистриран во 07:52 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван од жителите на Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот на нивната интернет-страница или да се јават на бројот 112, со цел прибирање податоци за сеизмолошките истражувања.

Текстот Земјотрес почувствуван во Струга, епицентарот бил во Албанија е превземен од МАКФАКС.