
Утрово во 8:26 минути по турско време областа на познатиот туристички град Кушадаси се случи краткотраен, но вознимерувачки земјотрес. Меѓу големиот број туристи од светот меѓу кои и Македонци ги напуштија хотелите. Земјотресот кој траеше десетина секунди и од појадок ги крена гостите на нозе ги нашата хотелите, а некои побрзаа да си ги земат и торбите. Се смета дека во Кушадаси има неколку стотина туристи од Македонија. Како што јавуваат нашите дописници од овој монденски град во Турција на брегот на Егејското и Средоземното море тие пристигнале авионски и со автобус а најмногу со три линии на Т А Вардар Експрес од Скопје, имало патници од Прилеп, Кавадарци Неготино Велес, Скопје и Штип. Некои од нив поради стресот сакале да се вратат во Македонија заедно со групата која го завршила одморот, а тие имале уште 5 дена аранжман, но сепак биле разубедени од хотелските власти дека вакви потреси во нивниот крај се вообичаени и дека нема место за паника. Од земјотресот што го почувствувале туристите немало никакви материјални штети, Според меѓународни сеизмолошки центри за Турција и Средоземјето епицентарот бил со магнитуда од 4,8 на 17 км од Кушадаси во морето, а го почувствувале туристите и од блиските грчки острови.