Роднина на еден од загнатите во сообраќјана несреќа во Италија со сведоштво: Премногу е трагично!

Дестина години беше во Италија, ама редовно си доаѓаше за време на летните периоди за да го види единственото семејство, мајка му и татко му во село Саса – вака роднина на еден од починатите во сообраќајната несреќа во Италија раскажува за неговиот живот. Трагичната сообраќјна несреќа која се случи ноќта на Католичкиот Велигден ја разбрале од нивни пријатели кои биле во странство, а ситуацијата е повеќе од црна. Гоце Стојановски прв братучед на еден од загинатите вели дека трагично е да згасне толку млад живот, и додава дека сѐ уште се чекаат потребните документи за да се испратат телата во државата.

„За несреќата за нашиот роднина од Македонска Каменица дознавме од нашите роднини кои живеат во странство. Во Италија се вршат последните подготовки околу сите документи кои треба да бидат завршени за телата на починатите да се испратат во Македонија, се очекува во наредните денови телата да бидат испратени во земјава. Погребот зависи од тоа кога телата ќе бидат испратени и ќе знаеме кога ќе биде погребот.“ – вели братучедот.

Македонска Каменица прогласи три дневна жалост бидејќи двајца од починатите се од оваа општина и регионот. Градоначалникот Димче Атанасовски истакна дека ќе се издвојат финансиски средства за помош на семејствата.

„По овој немил настан кој се случи во Италија, беше свикана вонредна седница на Совет и се прогласи тридневна ќалост, а ќе им помогнеме максимално финансиски на семејствата“ – додава Атанасовски.

Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа четири лица од кои три македонски државјани и едно лице од Италија. Двајца од загинатите се од Македонска Каменица и Саса и едно од виничкото село Пекљани.

Лаура Стојанова М-Нет