Како резултат на климатските промени и изменувањата на годишните времиња од година во година земјоделците се соочуваат со се поголеми препреки за да си посеат нивите. Во моментот актуелна е ситуацијата со есенската сеидба која претставува голем проблем поради долгиот сушен период , неколку месеци нема капка дожд наврнато како земјоделците да се осмелат со сеидба кога за нејзина успешност шансите се на минимум.
Кога на дофат имаше доволно струја и вода сопствениците и бизнисмените ја продаваа струјата и на тој начин правеа пари сега дојде ред да плаќаат милиони за да ја надминат сушата одговорноста е нивна. Тошо Шаклев од Здружението на земјоделски производители и претприемачи (ЗЗПП) ,,Агровизија”- Штип и Карбинци
За квалитетна сеидба покрај врнежите многу битен фактор е и следењето на оптималните рокови, добра обработка, и ѓубрето кое е доста значајна алка за тоа дали земјоделците на крајот од есенскиот процес на сеење ќе ожнеат профит или пак колку да си ги покријат само расходите со минимален доход во семејниот буџет.