
Зголемен бројот на пожари во Штип, најчесто поради преоптоварени и дотраени електрични инсталации, нестручно приклучување на електричните уреди и неисчистени оџаци. Најзагрозени се старите објекти со дрвени меѓукатни и кровни конструкции, каде огнот брзо може да се прошири. Граѓаните најчесто реагираат навреме, пријавувајќи го пожарот до противпожарната единица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, засега се спречени поголеми катастрофи и материјални штети.
,,Со самото преоптеретување на електричната инсталација, застрената инсталација, нестручното уклучување на електрчните уреди, имаме до запалување на електричните брола. Исто така имам запалување и кај оџацте. Со нередовното чистење и нередовното одржување на самте оџаци имаме запалување на оџаците. Претежно ни претставува проблем значи кај старите објекти, каде што немаме плоча мегу спратовите, имаме конструкција од креди, каде што доага до самозапалување мегу спратовите и на кровните конструкции. Претежно граѓанте се јавуваат навреме, а со брзата нашата интервенцијата спречуваме да не дојде до поголем катастрофи од објектите.“, рече Ренџов
Командирот Ренџов и понатаму апелира, граѓанте редовно да ги оддржуваат оџаците и да ја проверат инсталацијата, се со цел да не дојде и понатаму до несакани последици.
,,Се додека трае грејната сезона, упатувам апел до граѓаните редовно да ги одржуваат оџаците.“, додава Ренџов
Инаку, особено во зимскиот период при вклучени повеќе уреди доага до преоптеретување на електричната инсталација и појава на пожар. Пожарникарите апелираат граѓаните да внимаваат и навремено да ги заштитат домовите со чистење на оџаците и проверка на инсталацијата.
Иван Митев, М-Нет