Реализирана првата хибридна работилница во Дом на млади Штип, за развој на музиката

Вчеравечер во Дом на млади Штип се оддржа првата хибридна работилница на која присуствуваше и ДЈ Гоце. Целата на ваквата работилница е да се подигне нивото на култура во градот под Исарот, да им се презентира музиката на младите и Дом на млади да се промовира и повторно да заживее. На работилницата учествуваа заинтересирани граѓани од Штип, како и музичари.

„се наоѓаме во Дом на млади Штип, едно легендарно место и се надеваме дека ќе се врати моментот што го имаше порано, да биде бастион на културата музичка во Штип и околината. Почнуваме со нешто што ќе биде хибридна журка, ќе почнеме со работилница која ќе биде на тема диџејство, па ќе продолжиме со еден дџеј сет, да ги запознаеме младите, заинтересирани за музиката со некои основни елементи, колку што ќе има можност и време“ – кажа DJ Гоце.

Вчерашниот настан завршил со задоволителна посетеност, истиот не е дел од програмата на штипско културно лето 2022 година, а спаѓа во годишната програма на Дом на млади. Директорот Кире Денов истакна дека по годишните одмори продолжуваат настаните во оваа установа, односно на почетокот на септември ќе се организира Астибо Џес фестивал, а кон крајот на месецот Колонија на различностите. Оваа колонија е наменета за децата со попреченост, но и останатите деца во Штип, која ќе се спроведе во три дена во кои ќе има работилница со ментор дефектолог и ликовен ументик за на третиот ден да се организира изложба. Минатата година заради ковид пандемијата во овој настан имало вклучено само 14 дечиња, а за годинава доколку нема дополнителни рестрикции се очекува бројот да биде поголем.

Лаура Стојанова М-Нет