Зголемен бројот на деца и вработени со симптоми на труење од штипската сендвичара

Зголемен бројот на деца и вработени со симптоми на труење од штипската сендвичара. Денеска се регистрирани 17 слуачи за труење од сендвичарата која се наоѓа во близина на средното училиште Коле Нехтенин, и од каде претходната недела јаделе децата. Кај дел од лицата има изолирана салмолена. Епидемилиогот, Светлана Живкова, изјави бројката од вчера е зголемена за дополнителни два ученици и вработени во штипското училиште.

„До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје“ – вели Живкова.

Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.

Од Клиничка болница Штип информираат дека пет од децата се на болничко лекување на инфективното одделение каде ќе останат се до подобрување на нивната здравствена состојба, додека останатите се на амбулантно лекување.

Инаку, сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација. Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвичи со пилешки стек и пржени компири.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет