
Зголемана побарувачка на погачи во штипските пекари за празникот Успение на Пресвета Богородица. Сопственик на штипска пекара, Николче Малинов истакна дека традиционално како и секоја година, така и оваа имаат зголемен број на нарачки за погачи и погачи и наут. Само во вчерашниот ден Малинов тврди дека продале 200-250 парчиња погача, а цената на истите се движи од 100-120 ден.
,,Да, како и секоја година традиционално, на овој празник значи имаме поголема побарувачка на погачи, новина е тоа што ние, еве веќе втора година по ред ги правиме и погачите наутлија, погачите со наут и исто така и од нив има зголемена побарувачка. Па ние веќе во вчерашниот ден ги продадовме, направивме некаде 200-250 парчиња, тоа беа сите по порачка, имаме и нешто слободни. Цените вообичаено на погачите се движат од 100-120 ден. Можат граѓаните кои имаат желба и имаат потреба да дојдат и да си купат погача, како наутлија, така и обична погача“, посочи Малинов
Малинов вели дека погачката традиционално е дел од празникот, а на овој голем ден луѓето ја носат во црква или ја земаат за дома и ја делат со најблиските.
,,Ние обично подготвуваме бидејќи ги правиме и на дневна база, на дневна основа по некои десетина парчиња. Значи овие два-три дена веќе имавме зголемена побарувачка за десетина пати.. Да, луѓето носат на црква, си земаат и за дома и ги поделуваат со најблиските, бидејќи ова е голем празник. Така да, традиционално, сите кои имаат желба си земаат, кои се обеќале на црквата, да однесат во црква погачка си земаат“, истакна Малинов
Малинов посочи дека побарувачката за погачки во овие два дена е зголемена десетпати во однос на секојдневната продажба.
Ева Тушевска, М-Нет