За шест месеци ЈП Стипион е во добивка од речиси осум милиони денари

Вториот квартален извештај на Јавното претпријатие Стипон помина со добивка од 350 илјади денари, истакна денеска диркеторот Игор Ефтимов. Според него полугодишниот извештај на ова јавнот претпријатие и покрај финансиската криза во државата беже добивка од речиси осум милиони денари.

„Знаете дека првиот финасиски извештај кој беше усвоен од страна на Советот на Општина Штип при ЈП Стипион беше во добивка од околу седум милиони денари. Вториот квартален извешатaj повторно го покажува резултат дека ЈП Стипион е во добвика околу 350 илјади денари. Денес се усвоија и полугодишните извештаи каде што на овие извештаи ЈП Стипион има добивка и покрај зголемувањето на сите трошоци за електрична енергија, набавка на нафта на безнин, добивката е околу осум милиони денари“ – кажа Ефтимов.

Добивките се на основ на прокети кои ги работи јавното претпријатие, како одржување улици и патишта, потпорни ѕидови и ударни дупки. Уличното осветлување не е во сопственост на јавното претпријатие.

„Добивката на ЈП Стипион е благодарение на сите изработени проекти. Ние направивме една анализа на кој начин може да постигнеме јавното претпријатие да работи во добивка односно требаше да ги мотивираме вработените на јавното претпријатие за да може да изработуваат и да бидат сработени многу повеќе проекти од наша страна.“ – додаде Ефтимов.

И иако е рано Ефтимов посочи дека се подготвуваат и за зимско одржување на улици и патишта, обезбедување на претпријатието со сол и песок, со што снегот нема да биде изненадување.

Лаура Стојанова М-Нет