
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека ресорното министерство го поддржува АД Водостоспанство во капиталните прокети, но по изјавите на вработените и двата мирни протести во Кочани за неиспалата на четири плати, кажа дека сигурен е дека Владата ќе изнајде некое решение. Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски истакна дека вицепремиерот Бетиќи веќе работи на тоа.
„Платите ги исплаќа АД Водостопанство, тоа не е орган во сотав на министерството да расчистиме. Орган во министерството е управата во Водостопанство и управата редовно добива плати. АД Водостопанство е посебен орган со соем друг статус и поврзаноста со нашата програма е во делот на капиталните инвестиции. Ние ги поддржуваме АД Водостопанство во реконструкција, изградба на системите за наводнување, во одржување на целокупниот систем. Верувам дека Владата ќе најде решение“ – кажа Николовски.
Николоивски истакна дека уште во 2018 година е побарано реонганизирање на АД Водостопанство и во најбрзо време ова ќе биде предложено на Влада.
Вработените во АД Водостпанство плата немаат земено три месеци, а стравуваат дека нема да ја добијат ниту четврата. Од кочанската водостопанска подружница својот револт го искажаа во два наврати преку мирни протести.
Лаура Стојанова М-Нет