
За три дена одземени се 13 мотоцикли на територијата на СВР Штип. За време на изминатиот викенд се спроведени засилени акциски контроли во рамки на проектот „Безбедно лето 2022 година“ . Во контролите регистрирани се прекрошоци по разни основи, а одземените мотоцикли се поради предизвикување поголема бучава. На терен ги прашавме штипјани дали вавите акции ќе вродат со плод. Според анкетираните граѓани акциите треба да се засилат за да се воведе ред во сообраќајот, а пред сѐ да почнат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено кога станува збор за возачите на мотоцикли.
“Треба и многу построго треба да е за моторциклите. Затоа што се лудилио, плус возат без заштитни кациги, треба посторго“
Од СВР Штип известуваат дека засилени акциски контроли во областа на сообраќајот ќе продолжат и во текот на наредните денови. Целта е единствена да се почитуваат сообраќајните правил и прописи и да патиштата во државата да бидат побезбедени. Истовремено апелираат до сите ученисици во сообраќајот да возат безбедно и одговорно. Во склоп на Безбедно лето 2022 година се спроведе и кампања за носење кацга и почитување на сообрачајната сигнализација.
Лаура Стојанова М-Нет