За три години ќе биде пуштен ветерниот парк на „Алказар“

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во обраќањето на реализација на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата Алказар во Штип.

Тој истакна дека оваа инвестиција е доказ за визијата за енергетска стабилност но и дека Владата посветено и партнерски работи со инвеститорите.

​” Вчера прославивме триесет и пет години на независност на Македонија. Утрото го отворивме реконструираниот Охридски аеродром, вечерта сите се забавувавме на убавата електронска музика на Дејвид Гета, денеска почнуваме ветрен парк — мислам дека подобар доказ дека државата има модерна иднина, иднина којашто е во чекор со 21-виот век. Комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот.

Ќе продолжиме да го поддржуване проектот, вложивме многу во изминатиот период под водство на премиерот Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, градоначалниците се тука на Штип, на Карбинци, на Радовиш, секако тимовите на Министерството за транспорт, на Катастар, Министерство за земјоделие, Министерство за животна средина. Самото тоа што денес сме тука, а за три години и ќе го пуштиме овој ветрен парк е најдобар доказ за вашата работа” – изјави заменик претседателот Николоски.

Текстот За три години ќе биде пуштен ветерниот парк на „Алказар“ е превземен од МАКФАКС.