
Спортскиот педагог и тренер во повеќе категории и дисциплини Мирко Јакимовски најавува пријатни фудбалски денови за спортски Штип. Наскоро за прв пат во Штип ќе се одржи фудбалски турнир „Форца 2021“ година на која ќе настапат повеќе македонски екипи кои веќе подолг период одржуваат пријателски контакт со своите врсници во Штип. Според информацијата од тренерот Мирко Јакимовски турнирот ќе се одржи во текот на наредната недела за што благовремено ќе објавиме подетални информации како за бројот на екипите така и за точниот термин . Фудбалските мајстории на младите фудбалери штипјани ќе можат да ги проследат во спортскиот центар „Автокоманда“ а според програмата честа да го изведе почетниот удар ќе ја има новиот градоначалник Иван Јорданов. Вообичаено организаторот на турнирот, раководството на Форца предвидува награди за најдобрите 3 екипи, награда за најдобар играч, стрелец и награда за најдобриот голман на турнирот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk