
За првпат во Општина Карбинци се поставуваат контејнери за собирање на електричен отпад. Поголем сад се постави пред општинската зграда, а помали контејнери се поставуваат во сите подрачни училишта на територија на Карбинци, во подплачковичкиот и плачковичкиот регион. На ваков начин ќе започне селекцијата на отпад и користење на придобивките од истиот.
„Во овој случај се работи за селекција на електричен отпад и на територија на Општина Карбинци ќе бидат поставени неколку собирни места или контејнери за електричен отпад. Големиот контејнер ќе биде поставен тука до самата општинска зграда, а помали канти ќе бидат поставени во сите училишта на територија ан Карбинци.“ – вели Паунов.
Населението во Карбинци во наредниот период ќе има можност преку едукативни летоци да се запознае со начинот на складирање на отпадот и можноста да се користат контејнерите за собирање електричен отпад. Овие флаери ќе бидат доставени со сметките за вода.
„Бенифитите од поставувањето на контејнерите за собирање електричен отпад прво ги очекуваме како заштита на животната средина и е една новина која се воведува на територија на Општина Карбинци. Со сметките за вода ќе се доставуваат и флаери, едукативни летоци преку кој граѓаните ќе знаат како да го складираат отпадот и на ко начин да го прават тоа“ – вели Коцева.
Паунов посочи дека во наредниот период ќе продолжат со атктивности преку кои ќе се постават повеќе контејнери за собирање на различен вид на отпад. На таков начин ќе се зачува чиста животната средина, со влијание врз свеста на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет