
Речиси двојно зголемен бројот на ковид хоспиталиизрани пациенти во штипската болница споредбено со претходниот понеделник. Ако на почетокот на претходната недела на болничко лекување беа само 13 пациенти според денешниот извештај на Инфективното одделение хоспиталиизрани се 25. Тогаш бројот на оздравени беше дупло поголем од бројот на новопримени, денеска ситуацијата е обратна. Во последните 24 часа новопримени се пет пациенти, дома си заминале само двајца. Од хоспитализираните 17 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се четири лица. Но, сепак има слободни места на Инфективното одделение, односно слободни се 35 ковид кревети, потврдува портпаролот на болницата Марина Шуманска. Директорот на болницата доктор Ален Георгијев истакна дека се подготвени доколку дојде до нов ковид бран.
Најголем дел од заразените со ковид 19, односно над 70 % се на возраст од 20 до 35 години. Ваквите корона случаи се појавуваат по прославите за Нова година, велат надлежните.
Во Кочани на Интерното одделение се уште нема хоспитализирани ковид пациенти, информираат од болницата.
Бројот на активни ковид случаи во општините од Истокот споредбено со претходниот понеделник е зголемен исто по дупло. Ако на 3ти јанурани во истокот активни беа 201 случај, денеска активни се 404 ковид случаи, најмногу во Штип 184. едноцифрена е само бројката во М. Каменица и Пехчево.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464, бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.
Лаура Стојанова М-Нет