За два месеци конзолите на река Отиња треба да бидат завршени

Продолжува ажурноста на новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов за граѓаните да не трпат заради веќе започнатите, но не завршени проекти. Конзолите на река Отиња беа започнати, па прекинати. Денеска Јорданов истакна дека се прават напори истите да бидат завршени квалитетно и навремено.

„Можам да кажам дека во овие неколку денови па до крајот на иведбата на овој проект ќе работиме со засилена динамика во интерес на нашите сограѓани, се со цел овој проект времено да биде завршен, но исто така и да ја подобриме функционалноста на луѓето кои што транзитираат во овој дел на градот. На тој начин планираме да ги реалзираме сите останати проекти затоа што мораме времено да интервенираме, квалитетно да бидат завршени истите проекти, но исто така граѓаните да не добиваат нефункционални улици туку да имаат можност полесно да комуницираат и да бидат сите задоволни.“ – кажа Јорданов.

Конзули покрај коритото на река Отиња ќе бидат поставени од мостот кај црквата Ново село до мостот кај гимназијата Славчо Стојменски во Општина Штип.

Доколку е во интерес на граѓаните и согласно финансиската можност на Општина Штип можно е во 2022 година конзули да се постават и од другата страна на реката Отиња. Со ова се овозможува полесна циркулација на возила, но и разубавување на централното градско подрачје.

Лаура Стојанова М-Нет