
Вардарски го забележа првиот пролетен триумф за второ сезонско славје, откако со 2:0 го доби директниот конкурент за опстанок, тимот на Борец на домашен терен.
Тренерот на Вардарски, Бојан Захариев во изјава за М Нет телевизија истакна дека овој натпревар за нив бил од големо значење, а притоа додава дека тоа што било договорено било и одработено на теренот. Захариев вели дека со овој триумф Вардарски има шанси за опстанок.
„Како екипа се договоривме со сите момци да дадат максимум да изгираат еден коректен и фер натпревар во којшто борбеноста, залагањето и дисциплината да не красат. Мислам дека во 90-тите минути го оправда сетоа тоа имавме доста корнери, неколку одлични прилики за гол, добри контра-напади, енергиџни во одбраната и се тоа што се договоривме успеавме да го оствариме. Борец воопшто не е наивна екипа, тоа го докажа освојувајќи бод против Башкими и Новаци на гостински терен, имаат во своите редови искусни играчи, мислам дека сите кои што од првиот момент, па и оние кои што влегоа го дадоа максимумот за оваа публика која го сака фудбалот и Богданци како спортски град. Нашите ги задржуваме секако и за директниот опстанок“, вели Захариев за М Нет.
Захариев го превзема тимот на полусезона, а сега за нив секој меч до крајот ќе биде многу важен со цел да дојдат до ситуација да се изборат за опстанок.
„Од самото мое доаѓање со сите луѓе кои што го водат клубот се договоривме чесно, искрено и поштено да одиме до самиот крај. Така и ќе биде од натпревар во натпревар, немам што да додадам освен честитки судиската тројка која коректно го водеше натпреварот, на гостински играчи за ферплеј и нормално на нашата екипа, за оваа заслужена победа која ја посветуваме на сите љубители на фудбалот во Богданци“, додава Захариев.
Во следното коло Вардарски ќе има тешко гостување кај лидерот Македонија ЃП.
Александар Ванев, М-Нет