Засилување од Америка: Даниел Хенкинс-Санфорд во дресот на ГКК Штип

ФОТО: ГКК Штип

Градскиот кошаркарски клуб Штип продолжува да се засилува за новата сезона во Супер лигата, а најново име е Американскиот крилен центар, Даниел Хенкинс-Санфорд, висок 203 сантиметри.

Хенкинс-Санфорд носи сериозно колеџ-искуство од САД, а настапувал за Јужна Каролина и ЈуМес, каде во сезона 2025/2026 имал значајна улога во тимот.

Новото засилување на штипјани минатата сезона настапил на сите 30 натпревари, со просек од 11,3 поени и 7,1 скок по натпревар. Како што велат од ГКК Штип, со неговото доаѓање се засилува конкуренцијата под кошевите, а со тоа како што дополнуваат од новиот суперлигаш, го градат тимот за предизвиците во новата сезона.

ГКК Штип сезоната ја отвара на домашен терен во спортската сала „Џексон“ против Тиквеш, во меч од првото коло.

Александар Ванев, М-Нет