Започнува реконструкцијата на три улици во населба Автокоманда, граѓаните задоволни

По проемената на водоводната и канализациона мрежа во населба Автокоманда во Штип, од денеска започнаа активностите со кој во наредниот период улиците „Солидарност“, „Браќа Даневи“ и „5 Конгрес“ ќе добијат асфалтна маса. Јорданов истакна дека до крајот на градежната сезона се очекува да завршат активностите и улиците да бидат завршени.

„За првпат се случива во Штип етапно да се променува целата водоводна и канализациона мрежа во цела населба, за што имавме потреба од подолг временски период за промена на оваа застарена мрежа.Веќе се завршени работите во промената на подземната инсталација веќе се започнува со ископ, со нанесување на тампон и со трасирање на сите три улици и се надевам дека во наредните недели ќе успееме и со третирање на тротоарските површини да се постави првиот асфалтен слој до завршување на оваа градежна сезона.“ – кажа Јорданов.

Граѓаните кои живеат во овој дел од градот велат задоволни се што по повеќе од четири децении конечно се инвестира и во ниваната населба. Велат времето на работа е подолго, но сѐ што се работи е за нивно добро.

Јорданов во оваа прилика уште еднаш им се извини на жителите кои речиси два месеци газеа во кал поради завршувањето на градежните активности. Истовремено, додаде дека ќе се продолжи со инвестирање и реконструкција и на други улици.

Промената на водоводната и канализациона мрежа во населба Автокоманда е проект вреден шест милиони денари, пари издвоени од Буџетот на Општина Штип. Проектот за реконструкција на улиците е вреден 25 милиони денари, пари обезбедени преку Светска банка.

Лаура Стојанова М-Нет