Започна уредувањето на коритото на река Отиња, ќе се засадат околу 250 садници

Нови 250 садници ќе го разубавуваат коритото на река Отиња во Штип. Во претходниот период започнаа активностите за уредување и разубавување на централното градско подрачје со уредување на коритото на река Отиња. Претходно се постави подземен систем за наводнување, се работеше на проект за целосно осветлување на коритото на реката, а тенденција е да се овозможат премини под мостовите. Истовремено продолжуваат активностите за чистење на урабните заедници, настани кои ќе се спроведуваат секој викенд.

„Оваа пролет ќе продолжиме со работните активности за време на викенди за расчистување на урбаните заедници. И оваа година во секоја урбана заедница ќе се направат акции за чистење. Ги повикувам нашите граѓани да ни се приклучат. За уредување на река отиња е извршено целосно уредување, поставени се повеќе од 170 канделабри. Наша цел е да се овозможат премини под мостовите.“ – вели Јорданов.

Освен во централното градско подрачје тековни активности на терен има и во населбата Осми Ноември и Баби. Целта е градот и сите населени места да бидат уредени до пролетниот односно летниот период.

„Во моментот во реката Отиња се засадуваат зимзелени дрва од врстата „уреа нана“, во паркот во Осми Ноември ќе се засадат листопадни дрва“ – вели Зајков.

Финансискиот износ е во три фази. Едната фаза е за поставување на подземниот систем за наводнување кој чинеше околу 500 илјади денари, а за садниците се издвоени 250 илјади денари.

Лаура Стојанова М-Нет