
Вкупно 25 бренда од различни категории и бројка од над 1 милион посетители за 365 дена бележи единствениот мол во Источна Македонија, „Штип сити мол“, кој викендов го слави својот прв роденден. Прославата за сите генерации предвидува забава со Стела и Сани, комично шоу, креативна работилница, „диџеј сет“, хитовите на „Весело штурче“, жонглерско и магионичарско шоу и многу други изненадувања, кој денес и утре се случуваат на третиот кат од Молот. Дополнително, многу од продавниците веќе имаат и мноштво попусти за посетителите кои ќе одлучат да бидат дел од роденденскиот викенд на „Штип сити мол“. Менаџерскиот тим посочува дека има што да се слави.
„Еве, веќе 365 денови гледаме насмеани лица, односно посетители кои го препознаа овој концепт на едно поинакво шопинг искуство. Ние како менаџмент на „Штип сити мол“ сме задоволни од одзивот на посетители. Самиот факт што на почетокот очекувавме околу 500.000 посетители, а годинава надминавме бројка од 1 милион доволно кажува дека и посетителите се задоволни. Се надеваме дека наредната година ќе ја надминеме и бројката од 1 милион посетители.“ – вели Давор Кузманов, менаџер на „Штип сити мол“.
„Штип сити мол“ вратите за посетителите ги отвори на 10 декември минатата година и со тоа стана нов трговски центар единствен од ваков тип во Источна Македонија, со што привлече бројни посетители од регионов. Од отворањето, па до денес, бројни посетители од Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Делчево, но и подалечните градови се дел од незаборавното шопинг искуство кое го нуди „Штип сити мол“.
Ребека Спасова М-Нет