Започна изградбата на пешачка патека и чистењето на реката Серава во Бутел 1

Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1.

„По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот. Истовремено, ќе се изградат и нови детски игралишта. Локалната самоуправа заедно со Град Скопје вложува во проекти кои создаваат можности за спорт и рекреација на сите граѓани“, велат од општината.

Текстот Започна изградбата на пешачка патека и чистењето на реката Серава во Бутел 1 е превземен од МАКФАКС.