Започна изградбата на паркот за миленици на велосипедско-пешачката патека во Штип

Во Штип почна да се гради парк за миленичиња. Новата атракција и содржина за сопствениците и миленичињата се гради како заеднички проект меѓу повеќе засегнати страни, а ќе биде на пешачко-велосипедската патека во близина на реквизитите за спортување.

„Овде од денес започнуваме со проектот – парк за кучиња, којшто беше најавен и во нашата изборна програма и во изминатите неколку недели, дека ќе започнеме со изработка на ваков проект. Една нова содржина на пешачко-велосипедската патека покрај реквизитите за спортување. Ова е една нова содржина долж патеката. Станува збор за заеднички проект на Општина Штип со ЛАГ Плачковица, со бизнис-секторот и со здруженијата за заштита на животните“, истакна Јорданов.

Градоначалникот посочи дека ова е на барање на сопствениците на миленичиња и здруженијата за заштита на животните, а ќе биде во функција кон крајот на месец септември.

„Се надевам дека сопствениците на кучиња ќе го користат, затоа што ќе има содржини, реквизити коишто се наменети за кучиња, така што ова е еден новитет. Се надевам дека кога ќе биде поставено, изградено, ќе наиде на корист од страна на сопствениците на домашни миленичиња, коишто ги шетаат на овој дел од градот и досега имаа барање од нас како Локална самоуправа да направиме една ваква содржина во нашиот град

Финансиските средства кои ќе се искористат за овој проект, а се обезбедени со меѓусебна соработка на засегнатите страни се во висина од 500.000 денари.

Ребека Спасова М-Нет