
Пред околу една недела започна вакцинацијата против сезонскиот грип во Штип. Но, проблемите не застанаа овде. Жалбите од граѓаните се се поголеми бидејќи и покрај алармантноста многу тешко се доаѓа до термин за закажување за вакцина. Како што ни кажа д-р. Валентина Митрова, термините за закажување се ставаат и надовор од работното време, и отворени се само некои 5 минути, што буквално значи закажување на среќа. За разлика од минатата година кога пациентите се јавуваа и закажуваа термин за вакцина, годинава проблемот резултира со незадоволство и револтираност кај пациентите. Бројот на лица кои пројавиле интерес да се вакцинираат од сезонски грип е зголемен токму и поради пандемијата која е во тек. Стравот и паниката кои ги створи корона вирусот резултираат со поголема побарувачка а вакцини, а термини за истите нема. Бенифитот се намалува, а периодот е задоцнет. Етапното вакцинирање исто така дава дополнителен стрес бидејќи вакцините против сезонски грип требаше да бидат завршени до крајот на месец Октомври.
Лаура Стојанова М-Нет