
Денеска втора година по ред се одбележува светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи во кои животи губат млади и невини луѓе. Настанот се одржува во соработка на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ – Штип и Секторот за превенција при министерството за внатрешни работи Штип. Секоја година третата недела во месец ноември, на иницијатива на Светската здравствена организација се од одбележува денот на сеќавање на жртвите од сообраќајни несекреќи со цел да се намали нивниот број и да се зголеми совесноста на возачите. Исто така имаше распишано литературен конкурс и наградени ученици. Истите тие денеска делеа флаери на возачите и пешаците за да ја подигнат свеста кај луѓето.Слично на ова, во претходните месеци се вршело едукација на возачите на земјоделски механизации на јавни површини, едукација за неупотреба на алхохол додека се управува моторно возило, понатму покажување дека високите температури и заморот може да влијаат на случување на сообраќајни незгоди и сличо, се со цел да се намали до минимум бројот на незгоди и загубата на невини животи. Статистички податоци покажуваат дека со оваа акција се влијае на свеста на учесниците во сообраќајот. Така на пример претходната година на ниво на државата имало 132 жртви од сообраќајни незгоди и 5164 лица повредени во тие сообраќајни незгоди. Годинава, овој статистички приказ е значително намален.
Лаура Стојанова М-Нет