Заев: Редно време е да се спороведе пописот во државата по 20 години одложување!

Пописот кој треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава е статистичка операција која и недостасува на нашата држава. Со оглед на фактот дека 20 години сме без попис, без точни бројки за тоа колку население сме премиерот Заев, во вчерашната посета во Пробиштип истакна дека редно време е да се направи пописот, а април месец е идеалното време за тоа.

А најголемата опозициска партија пред два дена започна со собирање потписи против Законот за попис. Според нив во време на пандемија не е време за попис.

Почетокот на собирањето потписи од страна на ВМРО ДПМНЕ започна во саботата во речиси сите општини низ државата. Во Општина Штип тоа се спроведуваше на местото познато за штипјани како „мал плоштад“  на кој беа поставени 3 штаднови на кои граѓаните можеа да го остават својот потпис. Но, колку целиот тој процес се спроведе според протоколите и мерките за заштита од невидливиот непријател.

Градоначалникот на Општина Штип, Николов како доктор истакна дека воопшто не е запазена процедурата за почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19. Тој додаде дека не е време сега заради собирање потписи да се дојде до нов ковид бран.

Пописот од 1 до 21 април годинава е предвиден да се спорведе според сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, претпорачани од страна на Комисијата за заразни болести.

Лаура Стојанова М-Нет