Загуба од 20% до 30% бележи штипското претпријатие „Исар“ секој месец

Околу шест милиони денари е новата сметка за електирчна енергија на ЈП Исар. И покрај тоа што имаат склучено договор со нов оператор сепак сметката за струја е висока. Со тоа но и со останатите долгови кои ги има ова јавно претпријатие истото е во загуба. Приходите кои ги остварува на месечно ниво се доволни само за рата за струја и исплата на плати, вели директорот Трајче Здравков.

„И покрај што ЈП Исар ги презема сите неопходни активности за намалување на електричната енергија некои работи не зависат од нас, односно тоа е диктираната цена за електирчна енергија. Ние имаме од месец мај нов добавувач на електирчна енергија, но цената за струја заедно со производството на вода кое го плаќаме од ХС Злетовица изнесува околу шест милиони денари месечно, што значи дека претпријатието повторно има големи суми за плаќање за производство на вода и електрична енергија. Пак ќе кажам не е тоа зависно од работата на јавното претпријатие туку од високата сметка за електирчна енергија која ја имаме во цела држава.“ – кажа Здравков.

Јавното претпријатие Исар и понатаму плива во долгови со оглед на фактот дека се отплаќаат рати за кредит, за електрична енергија и слично. Претпријатието е во загуба од 20 до 30% месечно.

„Откако дојдовме во јавното претпријатие веднаш бевме приморани да плаќаме 3,7 милиони за кредит, исто така заостанат долг за струја, трите сметки кон ЕВН околу 40 милиони денари , првите три месеци склучивме спогодба и тие ги плаќаме на рати. Имаме 25 – 26 милиони месечно трошоци, што е за 20 до 30% месечно повеќе од вкупниот приход кој го остваруваме“ – додаде Здравков.

Инаку, сметката за електична енерија на Јавното претпријатие Исар за месец јануари оваа година беше највисока, односно 19 милиони денари.

Лаура Стојанова М-Нет