Завршува уредување на тротоарските површини во Карбинци и обезбедување нови паркинг места

Во завршна фаза е проектот за уредување на тротоарските површини во центарот на Општина Карбинци, како и обезбедување на дополнителни паркинг места. Како што истакна градоначалникот, Виктор Паунов, се работи на проекти кои се по барање на жителите од ова населено место, со цел, поголема безбедност и сигурност за пешаците, пред се за учениците.

„Ова е уште еден проект што го реализираме за потребите на граѓаните, тротоарски површини и паркинг места токму во центарот на Општина Карбинци. Со овој проект дополнително ја обезбедуваме сигурноста и безбедноста на минувачите, граѓаните кои се движат на овој потег.“ – вели Паунов.

Станува збор за уредување на тротари со вкупна површина од 1550 метри квадратни. Се очекува деновиве целосно овој проект да биде завршен.

„Се работи за проект кој е со партерни површини со вкупна ширин, односно површина од 1550 метри квадратни и овие денови конечно завршува целокупната изградба на овој потег.“ – додава Паунов.

Освен уредување на тротоарските површини и обезбедување на паркинг места во Карбинци се работи и во неколку други населени места, со цел подобрување на условите за живот во Општина Карбинци.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет