Завршницата од женскиот ракометен Куп на Македонија ќе се игра во Радовиш

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Завршницата од женскиот ракометен Куп на Македонија ќе се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

Завршниот турнир ќе се игра на 30 и 31 мај во Радовиш, а ждрепката посака во полуфиналето актуелниот бранител на трофејот, екипата на Ѓорче Петров да се соочи со Вардар. „Лавиците“ ќе ја имаат улогата на фаворити.

Во второто полуфинале се очекува голема неизвесност и ќе биде вистинско дерби, Чаир против Металург Автокоманда во битката за „виза“ која значи влез во големото финале.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграа на 30 мај (петок), додека пак финалето ќе се игра на 31 мај (сабота). Дополнително ќе бидат утврдени саатниците за натпреварите.

Александар Ванев, М-Нет