Големо Коњари против Тетекс – бараж за влез во Втора лига!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Во сабота ќе се одиграат бараж натпреварите за влез од Трета во Втората македонска фудбалска лига. Ждрепката посака во баражот да се соочат Големо Коњари, екипа која е шампион во Трета лига – Југ против Тетекс, екипа која е шампион во Трета лига – Запад.

Големо Коњари имаше успешна сезона зад себе, првата цел е остварена да биде шампион и да го освои шампионскиот пехар, а сега доаѓа на ред втората цел, да се добие баражот и клубот да се врати во Втората лига после долги години.

Големо Коњари живее за фудбалот, од оваа место потекнуваат големи фудбалски имиња кое важи за расадник на фудбалски таленти. Шампионот на Трета лига – Југ одигра 23 натпервари, имаше најмногу победи вкупно 18, со три реми натпревари и најмалку порази само два.

Екипата го има најефикасниот напад кој реализирал 75 погодоци, а ја има најдобраната одбрана која примила само десет погодоци, убедливо најдобар напад и најдобра одбрана во Трета лига – Југ има екипата на Големо Коњари, а притоа се освоени 57 бодови.

Тетекс доминираше во Трета лига – Запад и стана шампион, ја оствари својата прва цел, сега фокусот е на баражот против Големо Коњари. „Штофарите“ минатата сезона испаднаа од Втора лига, а сега имаат можност експресно да се вратат во Втората лига.

Тетовскиот клуб одигра 24 натпревари, имаше најмногу победи вкупно 21 триумф, само две ремија и само еден пораз, а притоа го има најдобриот напад со 85 постигнати погодоци и најдобра одбрана која примила само 19 гола, а Тетекс освои 65 бодови и направи сериозна разлика.

Тетекс има две титули во Купот на Македонија освоени во 2010 и 2013 година, а двапати губеше финале во Купот во 2011 и 2015 година. Тетекс во сезона 2014/2015 испадна од Првата македонска фудбалска лига како последнопласиран.

Овие две екипи ќе ги одмерат силите на стадионот во Ѓорче, сабота од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет