Заврши сезоната во Трета лига – Исток: Слога Виница како шампион ќе игра бараж за Втора лига, Брегалница од Делчево втора, Тиверија последна

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Со 18 одиграни кола заврши сезоната 2024/2025 во Третата македонска фудбалска лига – Исток, екипата на Слога Виница е шампион и ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Тимот од Виница кој го предводи штипскиот стратег Емил Грнев има учинок од 17 победи и еден пораз со освоени 51 бод.

Притоа екипата на Слога Виница го има и најефикасниот напад со 99 постигнати погодоци и најдобра одбрана која прими само осум гола.

На второто место заврши Брегалница од Делчево со 30 бодови на своето конто, а на третото место поранешниот прволигаш Хоризонт Турново кој има освоени 26 бодови.

На четвртото место заврши екипата на Овче Поле од Свети Николе, која има учинок од седум победи, четири ремија и седум порази за освоени 25 бодови.

На петтото место заврши Карбинци, а овој тим имаше учинок од 6 победи, шест ремија и шест порази и собра 24 бодови, а толку бодови има и тимот на Дојранско Езеро, со тоа што екипата од Дојран е на шестото место.

Новајлијата Светлост од Зрновци сезоната ја заврши на седмата позиција со освоени 21 бод, а толку освои и Малеш, со тоа што тимот од Берово сезоната ја заврши на осмата позоција.

На претпоследното место е Ударник од Пирава, а тимот има 14 бодови, додека пак на дното сезоната ја заврши Тиверија од Струмица со 13 бодови на своето конто.

Според пропозициите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за регион во Трета лига кој број до и 12 екипи директно испаѓаат двете последнопласирани рангирани екипи на конечната табела, а во регион на Трета лига кој брои до и 14 екипи директно испаѓат трите последнопласирани рангирани екипи на конечната табела.

Но, пропозициите може да ги менуваат и Управните одбори на секој регион во Трета лига, па така може да се случи и некоја екипа да остане во лигата во зависност од бројот на екипи за пополнување на лигата.

Александар Ванев, М-Нет