
Заврши асфалтирањето на улицата „Ленинова“ во близина на штипското медицинско училиште „Јане Сандански“. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов попладнево изврши увид во градежните активности и најави дека оваа населба наскоро ќе добие и парк, а активностите околу неговото уредување се во тек.
-Морам да потенцирам дека паралелно со денешното асфалтирање на улицата во непосредна близина, во периодот кој што следи ќе финализираат активностите за пуштање и завршување на еден зелен парк, кој во месеците кои што ќе следуваат верувам дека ќе биде едно одлично катче за овдешните жители. Паралелно со активностите за завршување на зелениот парк и асфалтурањето на оваа улица се работи и на пробивање, трасирање на една нова улица, која ќе го поврзи овој дел на градот со центарот-вели Јорданов.
Реконструкцијата на улицата „Ленинова“ чини над 700.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината.
Иван Митев, М-Нет