ЖФК САСА е на пат да го донесе првиот пехар на државен првак во М. Каменица

Спортскиот печат на регионот во 2019 година му го даде Женскиот фудбалски клуб САСА. Убавите девојки од убавиот рударскиот град станаа државен првак во фудбал за жени за полусезоната 2019/2020 година.

Ова е секако важен факт, но не помала важност има фактот дека во ЖФК Саса тренираат дури 70 девојчиња во три категории: сениорска, младинска и пионерска. Тоа се девојчиња на возраст од 12 до 18 години. Сенорскиот тим има 12 победи и само еден нерешен резултат во полусезоната. Младинскиот тим е на второ место во својата категорија.

Зад клубот и неговите успеси стои Зоран Златковски, поранешен активен фудбалер. Тој е архитектот на клубот, идеен творец, негов претседател. Тренер на клубот е Ивелина Златковска, а клубот ги има сите услови за тренинг и натпревари.

Зад Женскиот фудбалски клуб САСА од Македонска Каменица финансиски стои истоимениот рудник за олово и цинк кoj и со оваа поддршка на еден спортски колектив ја докажува својата голема општествена одговорност, а меѓусебната синергија на релација рудник-клуб ги дава посакуваните резултати.

Поради сето ова новинарите од регионот го прогласија ЖФК САСА за најдоброто во спортот на истокот за 2019 година.