
Женскиот ракометен клуб Овче Поле СУ од Свети Николе го претстави првото засилување за новата сезона. Се работи за Дона Марковска, која ќе го чува голот на тимот од Свети Николе во следната сезона 2025/2026.
Марковска доаѓа од Охрид, својата кариера ја започна во РК Сани од Охрид, кој е нејзин матин клуб, а потоа настапуваше за Пелистер од Битола.
Новото засилување на клубот од Свети Николе има настапувано за женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во 2022 година и за кадетската репрезентација на Македонија во 2023 година.
Супелигашот Куманово откако го промовираше Аце Станковски како нов тренер, а досегашниот тренер Љубиша Димковски го промовираше во нов спортски директор се активираше и на трансфер пазарот.
МРК Куманово ја продолжи соработката со ракометарот Христијан Крстаноски, кој е роден 2000 година, а е висок 197 сантиметри. Низ својата кариера Крстаноски настапуваше Струга, Вардар Неготино и Металург РА.
Крстаноски играше за кадетската ракометна репрезентација 2018 година како и за Б сениорскиот национален тим во 2021 година.
МРК Куманово го претстави и првото летно засилување за новата сезона, се работи за Виктор Трифуновски. Новото засилување во својата кариера има настапувано за младинските категории на Вардар, вториот тим на Вардар, Аеродром и екипата на Борец ФЛ од Велес.
Трифуновски е висок 190 сантиметри и тежок 90 килограми, а во својата кариера настапувајќи за Аеродром и Борец беше меѓу најефикасните стрелци.
Во следниот период се очекува да пристигнат уште засилувања во тимот на МРК Куманово.
Александар Ванев, М-Нет