
Револтирани жители на населбата Горна Железнича, веќе подолг период неможат око да склопат, од ноќните бучави кои ги создаваат млади лица. По неколку немирни и непреспиени ноќи, тие се обратија до нашата редакција, бидјеќи повеќе како што велат неможат да издржат. Вела покрај галамата, наутро среќаваат хаотична слика по улиците и парковите, како фрлени отпадоци од храна, пијалок, како и скршени стакла, кои дополнително претставуваат опасност за секојдневните минувачи, особено најмалите кои во попладневните часови играат на игралиштето. И покрај честото чистење од страна на надлежните, сликата е повторно иста.
,,Неможеме око да склопиме, во ноќните часови има неподнослива галама од млади лица, а наутро кога излегуваме сме очевидци на ужасна слика, како расфрлан отпад на сите страни, кршени стаклени шишиња и сл.“, велат жителите
Во согласност со ситуација, од страна на надлежните институции, дадоа голем апел до младите лица, да ги почитуваат препораките, особено за соодветно однесување во доцните часови, имајќи во предвид дека тогаш граѓаните одмараат. Апелираат да не расфрлаат отпад по улиците и истиот да го остават во поставените канти за отпадоци.
Иван Митев, М-Нет