
Проблемите со доводот на вода на овие високи температури ги засегнаа жителите на неколку населени места во Виница. Граѓаните за М-Нет телевизија велат дека проблемот прераснува во секојдневие за нив и нивните семејства, бидејќи на високи температури остануваат без капка вода во подолг временски период. За настанатата ситуација со која се соочуваат жителите на Виница побаравме одговор од ЈП „Солидарност“ – Виница кои велат дека ваков проблем не се памети во претходните дваесет години, бидејќи се соочуваат со недостаток на вода за пиење во градскиот водовод и во неколку населени места. Додаваат дека главна причина е намалениот доток на минимум од Градечка река од каде што се снабдува градот Виница. Нема доволно количини на вода во горната зона во градот со која што директно се снабдува со реката Градечка. Од ЈП„Солидарност“ – Виница посочиа дека превентивно се прочистени и бунарите со кои се располага во летниот период, но притисокот на вода од бунарите е слаб и во текот на вечерните часови значително се намалаува.
„Поради огромните горештини овој период од годината кои не се памтат повеќе од 20 години ЈП„Солидарност“ Виница се соочува со недостаток на вода за пиење во градскиот водовод и во неколку населени места. Причините се бидејќи е намален дотокот на минимум од река Градечка од каде што се снабдува градот Виница. Дополнително се прочистени бунарите со кои што располагаме во летниот период, но овој период немаме доволни количини на горната зона во градот која што директно се снабдува со река Градечка. Пониските делови од градот кои се снабдуваат со вода од бунарите имаат меѓутоа притисокот е слаб и во вечерните часови значително се намалува притисокот во водоводниот систем.“ – изјави Спасовски
Директорот на ЈП„Солидарност“ – Виница Игор Спасовски посочи дека и покрај апелот кој го упатуваат до граѓаните за користење на водата за основните потреби не вродува со плод. Поради намелениот притисок во одредени населени места има повремени или целосни прекини со водоснабдувањето.
„Ние превзмеваме се што можеме, штедиме максимално и апелиравме до нашите корисници преку совијалните мрежи водата да се користи за основните потреби, но ништо не вродува со плод. Во одредени делови од градот како што се ромското мало, бандера и панкег се соочуваат со постојано однемување на вода и населените места Лески и наслеба Градец. Останатите делови во текот на денот имаат повремени прекини на вода, но не е тоа што треба да биде за луѓето континуирано да имаат вода. Со населените места проблем имаме во село Пеклани каде што има намален доток во изворите и во село Трсино. Останатите населени места кои се во падините на планината Плачковица како што е село Градец, село Лаки и село Блатец, сеуште имаат доболни количини на вода за пиење.“ – додава Спасовски
Се надеваат дека во наредниот периот температурите ќе се намалат, а со тоа ќе се врати нормалното снабдување на вода во дел од населените места во Виница.
Лаура Стојанова, М-Нет