Жикица Ивановски го освои второто место на „Охрид Трејл – 2020“

Прекрасното Охридско крајбрежје, природните и бујни висини на Галичица со волшебна панорама кон Охридското и Преспанското езеро беа адреналинот на нашиот Жикица Ивановски на второто издание на „Охрид Трејл – 2020“.

Стартот на трката долга 107 км. беше во центарот на Охрид со „запознавање“ на стариот град за да продолжи преку Велестово, Горно Конско, Елшани, Трпејца се до Св. Наум.

Потоа следуваше планинско искачување на врвовите Ф10, Магаро и Лако Сигној, планинарскиот дом Асан Џура, месноста Летница, повторно Велестово за да финишираат во Охрид.

Целта прв ја мина Грегор Хаин од Австрија со време од 14.32, втор беше Жикица Ивановски со време 16.04 а трет Гентијан Ликај од Косово со време 17.54. Покрај Жикица Ивановски на оваа Трејл трка настапија уште штипјаните Дарко Роглев и Тони Манев на 66 км., потоа Бобан Георгиев, Горан Марков, Димитар Пилешков, Симона Трајкова и Мери Митевска кои настапија на трката во должина од 18 км.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk