Жељко Јоксимовиќ со концерт на Штипска Пастрмајлијада

Жељко Јоксимовиќ ќе биде главната музичка ѕвезда на овогодинешното издание на „Штипска Пастрмајлијада“. Еден од најпопуларните пејачи и автори на Балканот ќе настапи пред штипската публика во рамки на најголемата манифестација во градот. Организаторите најавуваат богата музичка програма и содржини за посетителите, а настапот на Јоксимовиќ се очекува да привлече гости од повеќе градови во земјава и регионот. Деталите за датумот на концертот и останатите изведувачи се очекува да бидат објавени во наредниот период.

Иван Митев, М-Нет