На Истокот прволигашки женски фудбал и следната сезона во Кочани и Македонска Каменица

ФОТО: Александар Ванев

Екипата на Кочани го потврди опстанокот во Првата женска фудбалска лига откако славеше во бараж дуелот против второлигашот Билјанини Извори, со што градот на оризот и следната сезона ќе биде во женската фудбалска елита на Македонија.

Екипата на Конзули од Битола стана шампион во Втората лига и со тоа обезбеди влез во Првата лига. Со оглед на тоа што од Првата лига испадна битолски Топ Гол во Втора лига, градот на Конзулите и следната сезона ќе гледа прволигашки фудбал во женска конкуренција.

Во новата сезона покрај Кочани и Конзули ќе бидат и шампионот Скопје, вицешампионот Тиверија Брера, Каменица Саса, Истатов, Љуботен, Ас Јунајтед, Вардар и Речица.

Екипата на Скопје е шампион и ќе биде наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, додека пак екипата на Тиверија Брера го освои Купот на Македонија и ќе биде бранител на Куп титулата следната сезона откако во финалето славеше над Каменица Саса.

Александар Ванев, М-Нет