Жена физички нападнала малолетник во Штип

На 26.04.2022 во 14.47 часот во СВР Штип, Б.Ч.(39) од Штип пријавила дека околу 14.40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од В.С.(55) од Штип, која употребила и пластичен предмет. По комплетирање на случајот против В.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.