Жена го тепала својот татко во Св. Николе, му нанела повреди

На 28.10.2025 во 19:25 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе ја лишиле од слобода Љ.Ѓ.(42), постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот 71-годишен татко, при што употребила и остар предмет и му нанела повреди. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.