Жена возела со 2,41 промили алкохол во Кочани, маж во Виница со 2,09 промили

На 14.12.2025 во 02:50 часот на ул.„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел мерива“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта, по што веднаш била исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.

На 14.12.2025 во 00:20 часот на ул.„Индустриска“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(40) од Виница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”