
Порасна цената на дињите и лубениците, производство има се помалку, а слаб е и квалитетот. 60 денари за килограм диња за на крај да зврши во канта за отпадоци, ситуацијата со производството на храна надвор од контрола. Продавачите велат дека временските услови и недостатокот на млади кои би работеле го ставија во мат позиција производството на овошје и зеленчук овој перидо од годината.
„Денеска има движење, реални цени и покачување на бостанот и на дињата. Доволно производство нема никаде веќе, или се само во минимални количини. Нема доволно млади луѓе да работат, постарите работат ама не можат доволно. Временските услови не се погодни, има многу врнежи и капат се робата на отворено.“ – велат продавачите.
Скапо и за купувачите, велат изборот е се послаб, а цените се повисоки. Ако ситуацијата продолжи вака велат дека ниту зимница ќе се прави, а ќе се намали и купувањето.
„Многу скапо, кога гледам дека пиперот црвен е 80 денари – утре ајвар не можеме да замислеме да правеме. А, пензиите дека ни се. Слаб е и изборот, ситнеш – 80 денари.“ – велат купувачите.
Денеска на пазарот во Штип иако во помала количина најзастапени и најпродавани беа доматот и пиперката, како и сезонското овошје, а на дел од тезгите веќе се нудеше и црвената ајварска пиперка.
Лаура Стојанова М-Нет