Елка, лампиони и светилки, и повозрасните граѓани со став за Нова година домовите да бидат украсени

Во пресрет на новогодишните празници граѓаните го подготвуваат својот домашен празничен амбиент. Повозрасните анкетирани штипјани, и оние кои имаат мали деца, внуци, но и оние кои немаат велат за Нова Година традиција е да биде украсено. Елка, лампиони, светилки со цел да се добие предновогодишна еуфорија и да се дочека новата година. Не е важно кој колку има, дали украсите се нови или останати од претходната година, битно е амбиентот да биде соодветен за празниците и целото семејство да се собере дома, додаваат граѓаните.

„Да секако, ставаме елка, лампиони, го красеме балконот да се знае дека доаѓа убав празник, нели Нова година. И сега пак ќе украсеме“ – велат граѓаните.

Анкетираните граѓани во Штип додаваат дека се согласни и градот за Нова година да биде соодветно украсен. Центарот на Штип новогодишно ќе светне на 7 декември, а во периодот пред Нова Година ќе се организира и божиќен маркет на шеталиштето Ванчо Прќе. Програмата ќе биде во склоп со барањата со граѓаните, а анимации ќе има и за најмалите и за повозрасните.

Лаура Стојанова М-Нет