Експлозивна направа пронајдена во Штип

На 21.06.2020 во 13,40 часот во СВР Штип, З.Ѓ.(56) од Штип пријавил дека при рушење на стар објект на ул.„Христо Ботев“ во Штип пронашол неактивирана експлозивна направа од Првата Светска војна и стара боева муниција со различен калибар од турско производство. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Штип пронајдената експлозивна направа и муниција се подигнати за понатамошна постапка.