
Раздвижено централното градско подрачје во Кочани во вечерните часови. Ноќните прошетки по зајдисонцето го наполнија паркот и трговскиот центар. Повозрасните велат дека порано излегуваат за порано да се вратат дома. За разлика од нив, младите почесто се излезени надвор до доцните часови. Полни се локалите и угостителските објекти.
„Па сега ние повозрасните порано излеземе, порано се враќаме. За младите мислам дека има кафулиња се полни пицерии се, да преполно. Има за младите, за нас постарите нема. После 19:00 часот направеме еден круг, малку не каснат комарците и си одеме дома на вечера.“ – велат граѓаните.
За време на летото градот оживува, претежно сите луѓе излегуваат. Токму сега овој период и печалбарите се враќаат од странство. Парковите, улиците, кафулињата говорат за фактот дека Кочани е фреквентен град каде повеќе доминираат младите.
„Раздвижено гледам убаво е времето, движат се полно е по паркот по улиците. Кафулињата се полни со млади, ми се допаѓа како град Кочани. Има сега е во тек, доаѓаат од странство. Еве сега моите деца ќе дојдат. Има , добро малку комарците се досадни ама ништо. Јули за Илинден, за Свети Илија доаѓаат и на Петровден доаѓаат. Овие се култни места има убави направија, така да луѓето се задоволни, мислам вие младите повеќе“ – велат граѓаните.
За младите пак овој период од годината е најубав бидејќи ноќите се подолги, и диско клубовите започнуваат со работа, се организираат различни забави доаѓаат и од околните градови. Лето проткаено со убави спомени, излегувања до доцна им дава чувство на младите за момент кој вечно ќе трае
Велат дека со доаѓањето на странците градот е пораздвижен и се повеќе се излегува. И секако во Кочани не е изоставена појавата од каснување од комарци по случајните минувачи, велат дека знаат да бидат досадни но веќе се навикнати на нив.
Лаура Стојанова М-Нет