
Во населба Балканска во Штип создадено езерце од нечисти води кои се складираат, а понатаму се влеваат во река Брегалница. Ваква дојава од граѓани пристигна до нашата редакција. На мостот во аселба Балканска има две колекторски цевки кои ги снабдуваат со вода населбите Балнска, Чардаклија и Македонка, една во надлежност на ЈП Исар и една приватна сопственост. Директорот на ЈП Исар Трајче Здравков беше на увид на лице место и по завршувањето истакна дека овој проблем не е во нивна надлежност.
„По дојава излеговме заедно со екипи на ова место каде што минува наша водоводна цевка. Утврдивме дека водоводната линија која е во надлежност на ЈП Исар е во ред и нема никаков дефект. Се работи за друга линија која не е во наша надлежност и веројатно овде соодветните инспекторати треба да дадат свој одговор“ – додаде Здравков.
Здравков истакна дека понатаму на терен треба да излезат надлежните инспектори со цел проблемот да биде решен. Екипата на М-Нет го контактираше и инспекторот за животна средина кој истакна дека дополнително ќе не извести откако ќе се излезе на терен.
Во населба Балканска претходно во 2016 година имашт проблеми со загадување на водата во река Брегалница, но истиот според надлежните сега е надминат.
Лаура Стојанова М-Нет