Во Кочани испишан и последниот ковид пациент, одделението празно

Стабилна ковид ситуација во општините од Истокот. Во Кочани нема пациенти кои имаат потреба од болничко лекување, со што болницата за ковид пациенти е затворена. Испишан е и последниот пациент кој вчера се наоѓаше на болничко лекување, посочија од болницата.

Во последните 24 часа во штипската болница новопримени се само двајца пциенти, испишаани шест лица. Со ова бројката на хоспитализирани е 20 на Инфективното одделение кое работи како оковид оддел. Од нив 12 лица имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 4 пациенти. Едно лице од Штип на 83 годишна возраст ја загуби битката со корона вирусот во штипската болница. Слободни се 35 ковид кревети на Инфективното одделение и две на дневна амбуланта, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во општините од Истокот бројката на активни ковид случаи е 277, најмногу во Штип 101 и во Делчево 55. Бројката во останатите општини е двоцифрена, но помала освен во Пехчево каде има активен само еден ковид случај.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.

Лаура Стојанова М-Нет