
Силниот ветер кој од утринава е пристутен во Општина Штип, придонесе до паѓање на дрво и оштетување на еден автомобил. Имено, на ул. „Генерал Михајло Апостолски“ старо и дотраено дрво се откорна и уништи дел од паркиран автомобил. Информирани беа надлежните.Екипите на ЈП„Исар“ беа на место на несреќата и го отстранија дрвото, меѓутоа штетата на автомобилот остана. За тоа кој ќе ја сноси одговорноста за штетата на автомобилот одговор побараме и од наделжните од ЈП„Исар“. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија, новиот вд директор Коцев, истакна дека за вакви ситуации имаат потпишано договор со осигурителна компанија, и дека автомобилот ќе биде обесштетен од страна на осигурувањето. Инаку, денеска во Штип се отстрануваа старите и дотраени дрвја на повеќе локации, со цел да не дојде до ваква непредвидена и несакана случка.
Лаура Стојанова М-Нет