Дрвокрадците не запираат

Вчера претпладне во СВР Штип било пријавено дека на место викано „Каменолом“ во с.Град полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Делчево запреле трактор „фиат“, со делчевски регистарски ознаки, управувано од В.С.(54) од с.Град, кој превезувал огревно дрво без потребна документација, по што истиот го напуштил местото на настанот, оставајќи ја приколката со дрва. За настанот е известена Шумска полиција од Делчево, а увид извршила екипа од Полициска станица Делчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.